Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници 2015“.
Изложбата ја организираат Музеј Куманово и општина Куманово со поддршка од Министерството за култура, а во чест на празникот на градот. Поставени се дела од 26 ликовни уметници изработени во техники акрил на платно, инсталации, масло на платно. Изложбата ја отвори кумановскиот градоначалник, Зоран Дамјановски.
На првата групна изложба учествувале и кумановските ликовни уметници, преставници на современото сликарство во Македонија. Чест ми е што ја отварам оваа изложба - изјави тој.
Директорката на Музеј Куманово, Анита Цветановска рече дека Куманово има педесетина ликовни ументици кои неуморно творат.
Кумановските уметници се авангардни во својата работа, бидејќи будно ги следат сите трендови и методи на меѓународната ликовна сцена кои ги пренесуваат кај нас - кажа Цветановска.
Оваа година со свои дела учествуваат уметници од различни генерации. На отварањето на изложбата присуствуваа голем број граѓани, љубители на уметноста, луѓе од политичкиот и општествениот живот на Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk