Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија денеска е отворена изложбата “Манаки фотографи одблиску“ подготвена од Роберт Јанкулоски.
Изложбата е дел од проектот “Кич, да? Сте или не“ и содржи повеќе од триесет фотографии од богатиот опус на браќата Манаки.
- Фотографиите се од крајот на 19 и првата половина на 20 - от век. Тоа се преку 100 години фотографија на територијата на Македонија и браќата Манаки го прикажуваат социјалниот, економскиот, политичкиот, општествениот живот и се она што се случувало на територијата каде живеело македонското население - вели Мирко Стефановски од Дирекцијата за култура и уметност.
Изложбата претходно беше презентирана во Скопје, Битола, Париз, Брисел и други градови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk