Отворена изложбата на Анета Божинова

30.04.2015 09:43 | KumanovoNews

 Во уметничката галерија во Куманово, синоќа беше отворена изложбата на триесетина слики, скуптури и графики на авторката Анета Божинова од Скопје.

Отворена изложбата на Анета Божинова

 Ова е самостојна изложба на авторката во Куманово на која преку нејзините дела е прикажан нејзиниот живот.

Мојата инспирација е морето, моето море е мојот живот, мојот живот е енергија. Се вртат работите во круг и природата, животот, ме поврзуваат, ме прават една целина во животот. Вечерва на оваа изложба, кумановската публика, може да види скулптура, цртеж и слика. Тоа се идеи коишто беа преточени во оној медиум, во којшто најдобро можеа да бидат прикажани приказните, а секоја приказна е едно ново доживување, трансформирање на еден впечаток, впрочем и самата изложба, насловот го кажува своето,- изјави Божинова.

Изложбата е организирана во соработка со Здружението на Хрвати и ќе биде поставена до 9 мај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk