Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничка галерија, денеска беше отворена изложбата “Арабеска на верски објекти во кумановско 16 - 19 век“, на авторот Славица Крстиќ, вработена во Музеј Куманово.
Изложбата ја отвори Снежана Лакалиска, историчар на уметност во Музеј на град Скопје која потенцираше дека арабеските ги има највеќе на верските објекти во северозападните делови на Македонија.
Арбеската како архитектонски украс се среќава на кумановската Синан Татар Бег џамија, на прозорците на фасадите на црквите “Св.Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане, “Св.Дух“ во Добрача, “Св.Ѓорѓи“ во Жегљане, “Св.Никола“ во Стрезовце и други. Изложбата е плод на долгогодишната истражувачка работа на Славица Крстиќ.
- Презентирани се 12 цртежи на хамер со туш и 7 постери од колор фотографии. Прикажани се најкарактеристичните арабески, орнаменти врежани во камен, дрво или метал. Тука се претставени арабески од 16 век на нашите џамии во Куманово и Табановце, и влијанието на нашите цркви каде се изразени исламските елементи - вели Крстиќ.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и ќе трае во наредните десетина дена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk