Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центарот за култура отворена e изложбата на дела во техниката кован бакар на авторот Мирослав Поповски- Вински.
Изложени се 32 дела во препознатлив визуелен приказ којшто се базира на фигурација и орнаментика изведена во плиток бакарен релјеф, техника многу ретка на овие простори.
„Веднаш може да се забележи и направи компарација меѓу она што изложено вечерва, и на првата негова самостојна изложба дека техничката изведба, самиот начин на изразување е доста унапреден. Вински дава специфичен потпис, а она што е интересно за публиката е високиот степен прецизност на цртежот кој е беспрекорно аплициран, што и не е лесна работа. Тука се и обидите да се даде трета димензија на некои дела, на некој начин изгледаат како ситен рељеф работен во бакар. Авторот се држи до некои свои правила и е доследен во сите дела што ги презентира и успева да создаде свој препознатлив израз и неговата бакарна рапсодија ќе продолжи и понатаму да инспирира и во материјална и во духовна смисла“, истакна на отворањето на изложбата Роберт Цветковски, стручен соработник за визуелни уметности.
Тематската преокупација на Мирослав Поповски- Вински е христијанската иконографија, која се темели на средновековното византиско сликарство.
Мирослав Поповски – Вински (65) од Куманово, со техниката кован бакар се занимава повеќе од 30 години.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 17 април 2024.
Ова е втора самостојна изложба на Петковски- Вински во Куманово, а има изложувано и во Струмица, Радовиш, Соко Бања, Р Србија и други места.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk