Отворена изложбата на Евгениј Пантев

27.11.2015 09:59 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата на графики од Евгениј Пантев.

Отворена изложбата на Евгениј Пантев

Изложени се 25 негови дела, кои кумановци ќе можат да ги погледнат се до 10 декември.

Работам традиционална графика, длабок печат. Делата се настанати последниве неколку години, циклус кој јас го нарекувам „Реликви“ - кажа авторот.

Пантев досега учествувал на повеќе од 100 изложби во Македонија, Англија, Шпанија, Франција, Египет, Полска, Русија, САД и други земји.

Роберт Цветковски, историчар на уметност од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вели дека Пантев преку своите дела ги прикажува своите истражувања и до максимум ги користи можностите на техниката сува игла.

Пантев е роден во 1966 година во Софија, Бугарија. Дипломирал на одделот за графика и графички дизајн, на Факултетот за ликовни уметности, Скопје 1991, Магистар по ликовни уметности – област графика 2014. Член е на СБХ/ ИАА.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk