Отворена изложбата на Фото арт групата “Ф7“

21.10.2015 10:13 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата со уметнички фотографии од Фото арт групата “Ф7“.

Отворена изложбата на Фото арт групата “Ф7“

Изложбата се организира по повод 5 годишниот јубилеј, а публиката ќе има  можност да види 40 дела. На изложбата се претставени дела од автори од повеќе клубови.

“Посетителите имаат можност да разгледаат црно - бело, колор фотографии, портрети, пејзажи, актови, детали, живот. Фотографиите беа на слободна тема. Учествуваа автори од Скопје, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, а имаше и средношколци од Гимназија “Гоце Делчев“ кои прв пат се среќаваат со фотографија. Изложбата ќе трае десет дена, и има интересни фотографии“ - изјави организаторот Душан Доцевски.

Понатаму изложбата ќе биде презентирана во Центрите за култура низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk