Отворена изложбата на портрети на Дејан Божиновски

17.09.2015 09:01 | KumanovoNews

Во Лапидариумот на Музеј Куманово синоќа беше отворена изложбата на мега портрети на  Дејан Божиновски-Коска,  насловена како  „Интерфејс“.

Отворена изложбата на портрети на Дејан Божиновски

Изложени се дванаесет портрети работени во техниката акрил на платно. На Божиновски ова му е второ претставување пред љубителите на ликовната уметност.

Димензиите на портретите излегуваат од класичниот начин на работа, но и по изразот на авторот кој слика силни, динамични портрети на женски ликови. Носат силна емоција и јасно ги отсликуваат современите стравови и човековата оттуѓеност. Инспирирани се од секојдневието - вели Драгана Спасковска, кустос во Музеј Куманово.

Божиновски кажа дека ова е негово второ излагање, но прв пат изложува  во Куманово.

Големите формати ми се предизвик од студентските денови,каде што ја пронаоѓам уметничката слобода за авторот - изјави Божиновски.

Директорката на Музејот, Анита Цветановска, на отварањето на изложбата посочи дека е изложбата е поддржана од Министерството за култура.

Дејан Божиновски е роден во 1984 година во Куманово, а 2009 година дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на професорот Јован Шумковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk