Отворена изложбата на Тони Чатлески

16.04.2010 11:24 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ синоќа беше отворена изложбата на слики на авторот Тони Чатлески. Посетителите имаа можност да видат триесетина портрети i и пејсажи во масло на платно.

Отворена изложбата на Тони Чатлески

 Мојот начин на гледање на сликарството е во насока на  претставување на човековиот карактер во онаа ситуација во која се наоѓа. Во основа тоа може да се дефинира и како општата наша психолошка состојба во овие 20 години на транзиција. Со самото гледање на овие ликови и фигури се гледа тежината што македонскиот човек што ја преживеал во овие 20 години и се одразува и на психолошката состојба на самите луѓе. Со пејсажот ја гледаме поубавата страна на животот. Јас одам во крајност при сликањето,  од она што ме разочарува и ми создава непријатно чувство, па до тоа што ме релаксира - вели авторот Чатлески.

Изложбата претставува ретроспектива на работата на авторот во изминатите 12 години, а во тек е изработка на нов циклус на слики.

 Изложбата ќе биде отворен до 29 април.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk