Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата “Пензионерите за својот град“ што ја организира Здружението на пензионери Куманово.
На изложбата слики изложија Борис Арсовски, Будимир Стојковски - Љубе, Драган Глигоровски, Перо Додевски, Милорад Младеновски и Исени Реџаи.
“Изложени се 32 слики од шест пензионери кои аматерски се занимаваат со сликање. Сликите се работени во различни техники, имаме графики, масло на платно или на друга подлога како хартија или шпер плоча. Пензионерите сликаат во слободно време, аматерски со многу ентузијазам. Секоја година бројот на сликари учесници се зголемува“ - вели Славица Лашбаша, член на Здружение на пензионери Куманово.
Оваа изложба се организира трета година по ред и е по повод 11 ноември - Денот на ослободување на Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk