Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата на цртежи “Скици 2014“.
Биеналната изложба се состои од дваесетина цртежи изработени од девет академски сликари од Куманово. Кумановската публика ќе може да ги погледне делата на Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Александар Симоновиќ - Симо, Марија Величковска, Дејан Арсовски - Бабата, Зоран Арсовски - Бабата, Далибор Крстевски и Наташа Петковска.
„Се работи за слободен избор на уметниците кои сами ја избираат темата и техниката со која се преставуваат. Можам да кажам дека годинава, преовладува комбинираната техника. Обично се работи за пастел како носечка техника, користење на темпера, туш па дури некои уметници преферираат вметнување на готови материјали"- изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност во Центарот за култура.
Биеналната изложба "Скици" се оддржува од 2006 година па наваму. Секоја година бројката на уметниците кои учествуваат е различна и се движи од 6 до 10 академски сликари.
Организатор е Центарот за култура "Трајко Прокопиев", а изложбата се реализира со поддршка на Министертвото за култура.
Изложбата „Скици 2014“ ќе гостува во Струмица, Штип, Битола и Кавадарци.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk