Отворена изложбата „Скици 2022“ во Куманово

11.12.2022 20:18 | Оливера Пешевска

Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово отворена е биеналната изложба на слики  „Скици 2022“, на која се преставени триесетина дела на академски сликари кои живеат и работат во Куманово.

Отворена изложбата „Скици 2022“ во Куманово

Свои дела на осмото издание на „Скици“ изложуваат 14 ликовни уметници од Куманово: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили-Дали, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.

„Последниве 5-6 години Куманово стана расадник на млади, талентирани, креативни уметници. Оваа изложба ќе ја промовираме и во други градови затоа што навистина и публиката од државата заслужува да ја види“ изјави Тодоровски.

Скицата како основа на секое дело во скоро сите уметнички дициплини - архитектура, во филм, уметност и дизајн овозможува и доведува до одредено визуелно доживување.

„Скицирајќи ги своите идеи еден убав ден на наше големо изненадување ќе дознаеме што сме и најдобро ќе го осознаеме целиот карактер“, истакна на отворањето професор м-р Стефан Јакимовски,  учесник на изложбата.

Изложени се триесетина дела, избрани од конкурсот што го распиша Центрот за култура „Трајко Прокопиев“. Изложбата е финансирана од Министерството за култура, а во организација на Центарот за култура Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk