Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчера беше отворена изложбата на уметничка фотографија „Улица 2016“.
На изложбата организирана од Фото кино клуб „Козјак“ изложени се 60 фотографии од домашни автори, а 12 од нив се наградени. На конкурсот пристигнаа 418 фотографии во две теми, по што стручно жири ги избра најдобрите.
Учество на изложбата зедоа над 70 автори од речиси сите фото клубови кои се членови на Фото сојузот на Македонија. 225 дела пристигнаа на дигиталната тема „Улица“ а 193 принтови пристигнаа во слободна тема. Поставката ќе стои недела дена. Мислам дека стручното жири во состав Глигор Максимовски, Дејан Гилевски и Мирослав Величковски направија одличен избор и имаме доста квалитетна изложба“ - изјави Дејан Ангеловски, претседател на ФКК Козјак.
За отворањето на изложбата се погрижија дел од актерската екипа од претставата „Госпоѓа Министерка“ кои имаа свој перформанс со кој ја насмејаа многубројната публика. Поделени беа дипломи и награди за најдобрите фотографи. Свој настап имаше и студиото за модерен балет Ултра.
Фото (Д.Доцевски)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk