(ВИДЕО) Отворена изложбата „Заборавени“ од авторот Марјан Јаневски Шалајко

06.03.2024 12:03 | Оливера Пешевска

Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата на фото - графики „Заборавени“ на Марјан Шалајко Јаневски.

(ВИДЕО) Отворена изложбата „Заборавени“ од авторот Марјан Јаневски Шалајко

 Публиката има можност да види 30 фотографии на стари и напуштени објекти во градот, дел од нив заборавени и запоставени од луѓето, а дел и од репрезентите на градот- Хотел Кристал или Занаетчискиот дом.

Авторот повеќе од четири децении ја негува вештината на создавање на уметничка фотографија, а ова е негова петта самостојна изложба.

„Шалајко ги создава овие уметнички дела благодарение на тоа што биле така оставени и заборавени, а со својот објектив и особена уметничка перцепција успева да го пренесе нивниот физички изглед, нивната форма. Перцепцијата што ја поседува да пронајде убавина во тоа што е заборавено, напуштено и оставено на забот на времето, умешноста да со фотографска техника го забележи моментот,  а користејќи современа дигитална техника го издвојува како автор“, истакна Драгана Спасковска, виш кустос во Музеј Куманово.

Во наредниот период Марјан Јаневски ќе се ангажира на изработка на монографија и уште една изложба на фотографии создадени на музичкиот фестивал во Рединг, Велика Британија на почетокот на 90-тите години.  Досега има освоено повеќе од пеедесетина награди во државата и светот. Тој е долгогодишен член на Фото кино клуб „Козјак“ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk