Отворена канцеларија на македонско-бугарско пријателство

28.04.2016 13:34 | KumanovoNews

Во Куманово започна со работа Здружението за македонско-бугарско пријателство.

Отворена канцеларија на македонско-бугарско пријателство

Здружението има за цел да ја подобри македонско-бугарската соработка преку реализација на заеднички проекти и хуманитарни акции.  

„Имаме доста богата културно-образовна програма. Вклучени сме во многу европски проекти по програмата Еразмос плус. Направивме многу хуманитарни акции, посветивме доста внимание на спортот, на децата кои се талентирани, учествувавме на многу заеднички прослави на заеднички датуми, кои ги слават заедно Република Македонија и Република Бугарија“, -изјави Марина Ла Петреска, претседател на ЗМБП.

 Здружението за македонско-бугарско пријателство е формирано во 2009 година и досега се отворени канцеларии во повеќе градови. Во Куманово се наоѓа на булеварот „Октомвриска револуција“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk