Отворена ликовната колонија „Куманово 2018“

06.08.2018 09:18 | KumanovoNews

Во Меморијалниот комплекс на „АСНОМ“ во Пелинце, започна 44. Меѓународна  ликовна колонија „Куманово 2018“.

Отворена ликовната колонија „Куманово 2018“

Оваа година учествуваат 15 академски ликовни уметници од Македонија и регионот: Србија, Бугарија и Романија.

Од Македонија учествуваат: Симонида Филипова Китановска, Мирјана Крстева Массетти, Страхил Петровски, Марина Лешкова, Мирослав Величковски, Петра Јовановска, Стефан Анчевски, од Србија: Јована Колиќ, Миљан Миленковиќ, Ана Миљковиќ, Милена Лазаревиќ, Милосав Урошевиќ, од Бугарија: Иван Чакаров и од Романија: Мануела Тодерас и Габриел Валериу Дима.

Уметниците ќе престојуваат до 11 август,  а ќе работат сликарство во различни ликовни техники. За време на нивниот престој се предвидува посета на  културно-историските содржини во околината на град Куманово, како и позначајни археолочки локалитети, во прв ред мегалитската опсерваторија Кокино.

Овој проект традиционално е поддржан од Министерството за култура и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk