Отворена „Наша екстра пекара“ во градот

12.05.2018 14:19 | KumanovoNews

Од пред неколку дена започна со работа нова пекарница во градот. Станува збор за “Наша екстра пекара“, каде по рецептите на нашите баби се подготвува највкусен домашен леб и бели печива.

Отворена „Наша екстра пекара“ во градот

 „За сите вистински гурмани и љубители на бели печива, нудиме голем избор на традиционални производи, кифли, разни видови на леб, слани и слатки бели печива, бурек, пита и голем број на нови вкусни специјалитети приготвени од професионални мајстори“, - вели сопственикот.

Во пекарницата можат да се нарачаат кифлички и погачи за специјални прилики, на телефонот 078/222218.

“Наша екстра пекара“ се наоѓа на ул. „Пиринска Македонија„ број 2, во зградата до главниот влез на Економското училиште и работи секој ден од 6 до 3 по полноќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk