Отворена работилница за изработка на носии

23.04.2015 12:21 | KumanovoNews

Во Општина Старо Нагоричана отворена е работилница за изработка на носии и изработка на сувенири.

Отворена работилница за изработка на носии

Во работилницата ќе се произведуваат носии, кои ќе ги користат членовите на културно уметничкото друштво  “Српски вез“, огранок Старо Нагоричане.  Работилницата е дел од проектот “Унапредување на човекови права и заштита на малцинства во Југоисточна Европа“, со цел да се афирмира српската култура,  фолклор,  музика, јазик и традиција.

Работиме на тоа и коцките се поклопуваат, што на мене многу ми се допаѓа. Ние не се надевавме дека ќе има над 100 деца. Задоволни сме и сега треба да ги научиме подобро да играат, работилницата да биде во функција, за да одржливоста на проектот има иднина, имаме манифестации, може да настапуваат - вели градоначалниот Милован Стојковски.

Новите носии кои ќе бидат произведени, играорците ќе ги презентираат на манифестација на 5 мај.

Овој ваш проект е интересен затоа што е од ретките каде што се гледа одржливоста. Мислам дека е еден од ретки кој ќе може да живее. Нема да се направат 20 и тука да застане, туку може да прерасне и во занает. Мислам дека децата се многу среќни, ќе имаат место каде да се соберат, да се дружат. Гледам дека тие деца и потоа ќе играат и тоа ќе живее и понатаму“ - изјави Александра Вуиќ  од Совет на Европа.

Се планира во село Младо Нагоричане, да се отвори работилница каде ќе се изработуваат сувенири за промоција на српската култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk