Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово синоќа беше отворена спортско-рекреативна зона, проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, за промоција на активниот начин на живот и добробит на заедницата.
Зоната се состои од најсовремена фитнес-опрема, односно 5 професионални фитнес-справи и вратило, кои ќе бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.
„ Сакам да им изразам благодарност на двете компании, од свое лично име, но и од името на сите мои сограѓани, за прекрасниот простор што од денес ќе стане место на кое кумановци, не само што ќе се рекреираат бесплатно, туку некои ќе вежбаат и професионално бидејќи справите го овозможуваат тоа. Би сакал да ги поканам нашите граѓани ова да биде зона за забава и дружење за сите генерации“, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Зоната во Куманово всушност е втора од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку градови во Македонија, а донирана е на барање на граѓаните на Куманово и е резултат на повеќемесечни подготовки.
„ Нема да застанеме сè додека не им овозможиме и не ги мотивираме сите наши граѓани колку што е можно почесто да спортуваат, да се рекреираат и да практикуваат активен начин на живот. Уверен сум дека жителите на Куманово максимално ќе ја користат и со големо внимание ќе се грижат за неа, бидејќи еден ваков простор навистина го заслужува тоа“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.
Почесен гостин на отварањето беше професионалниот велосипедист Зоран Ристовски од велосипедскиот клуб „Вело-М“, кој на своите сограѓани им ја потенцира важноста од редовната физичка активност.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk