Отворени денови на АВРМ во општина Липково

18.02.2016 11:39 | KumanovoNews

Во општина Липково вчера се одржаа Отворени денови на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Отворени денови на АВРМ во општина Липково

Пред присутните беа презентирани мерките за вработување и поволностите кои државата ги нуди со оперативниот план на Владата.

Беа презентирани проектите „Македонија вработува„ и „Се бориме за секое работно место“. Имаше околу 40 невработени лица. Дополнително на ниво на општина Липково ќе има средба со работодавачи - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

Мерките за вработување досега беа презентирани во Куманово и општина Старо Нагоричане, во рамки на Отворени денови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk