Отворени денови со земјоделците во Старо Нагоричане

14.11.2015 11:02 | KumanovoNews

Во понеделник ќе се одржат Отворени денови со земјоделците во општина Старо Нагоричане.

Отворени денови со земјоделците во Старо Нагоричане

Средбите ќе се одржат во село Бајловце во просториите на месната заедница Бајловце со почеток во 17 часот и во селото Младо Нагоричане во просториите на подрачното училиште во 18.30 часот. Присутни ќе бидат претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за потикнување на развој на земјоделството, Агенција за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и Државен инспекторат за земјоделство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk