Отворени денови во Центарот за вработување Куманово

03.03.2015 11:47 | KumanovoNews

Во Центар за вработување Куманово утре со почеток во 11 часот, ќе се одржат отворени денови.

Отворени денови во Центарот за вработување Куманово

Поканети се невработени и работодавачи, а ќе бидат презентирани и активните мерки за вработување.

“Имаме покането одреден број на работодавачи и невработени, но сите заинтересирани можат да дојдат и да присуствуваат на настанот. Ќе биде присутен и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Целта е да се промовираат мерките за вработување кои се во тек и оние кои допрва ќе бидат објавени, но и да им се помогне на социјално загрозените лица кои се невработени, како и на ранливите групи“ - велат од Центар за вработување Куманово.

Во тек се мерките обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување и самовработување преку кое се нудат неповратни средства од 185.000 до 257.000 денари, со можност за плус дополнително вработување со 92.000 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk