Отворени нови сметки за радиодифузна такса

24.07.2014 10:18 | KumanovoNews

Од Управата за јавни приходи ги информираат граѓаните дека освен на собирната сметка на ЈП МРТ во Комерцијална банкa, сега ќе можат да платат уште на сметки во три банки.

Отворени нови сметки за радиодифузна такса

 Тоа се Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје  и Халк Банка АД Скопје.

Новоотворените сметки за плаќање на оваа обврска ќе бидат наведени на задната страна на Решението за утврдување на радиодифузна такса, почнувајќи со месецов. Граѓаните уплатата на РДТ ќе можат да ја вршат на овие сметки, како за следните месеци почнувајќи од јули 2014 година, така и за претходните месеци за кои заостанале со плаќање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk