Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово започна со работа ексклузивен салон за организирање, уредување и украсување на секаков вид свечености и домашни веселби „Перла„.
Во чекор со времето и новите трендови во новоотвореното атеље на едно место можат да се најдат најразлни свадбени покани, рамки за слики, цвеќиња и украси кои ќе го оплеменат и надополнат секој простор и секоја свеченост.
„Асортиманот на производи кои што ги нудиме се наменети за секој простор, од украси за домови, градини, тераси и бизнис простории до ресторани и сали за најразлични видови на свечености. Имаме голем избор на квалитетни производи за оваа намена, по пристојни цени кои ќе се вклопат во сечиј буџет, што значи дека цените ќе бидат пристапни и прилагодени за нашиот стандард - изјави Сања Петрушевска, сопственичка на атеље Перла.
Изложбениот салон на атеље Перла се наоѓа на улица Димитар Влахов бр.52/1 (Стар ресторан Палас).
За подетални информации можете да се јавите на телефонските броеви 078-393-782 / 077-847-460.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk