Отворил обложувалница без дозвола

17.05.2018 09:06 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесена кривична пријава против А.М.(25) од Куманово за сторени кривични дела даночно затајување и приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Отворил обложувалница без дозвола

Во текот на 2018 година во село Матејче, Липково во деловен објект, сопственост на лице од село Матејче, пријавениот приредувал игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган, со што одбегнал плаќање на давачка-надоместок за добивање на лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница во износ од 6.457.500 денари, за кој износ го оштетил Буџет на РМ.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk