ОУ “Кочо Рацин“ го одбележа патронатот

30.05.2012 13:13 | KumanovoNews

  Денеска основното училиште “Кочо Рацин“ го празнуваше 67- от  патронен празник. По тој повод беше организиран прием за гостите и  креативен саем.

ОУ “Кочо Рацин“ го одбележа патронатот

На неколку штандови се дегустираше храна, имаше етно катче и беа поставени штандови на  англискиот или германскиот јазик, географија, биологија и информатика.

Децата направија рецепти од брашно, пита, леб, подготвија сирење. Ваков штанд со храна досега немало. Исто така учениците напишаа песни инспирирани од се она што се наоѓа на штандот. За изгледот на штандот се погрижија ученици од подрачното училиште во село Орашац - вели Ивана Георгиевска, професор по македонски јазик.

На штандот за сликари, децата имаа поставено штафелај и цртаа пред присутните гости.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk