Оваа зима нема лизгалиште за децата

14.01.2014 13:07 | KumanovoNews

Куманово зимава остана без лизгалиште иако лани имаше голема посетеност од младите.

Оваа зима нема лизгалиште за децата

Од ЈП “Куманово - паркинг“, под чија надлежност беше спортското игралиштето на Градскиот кеј каде што беше монтирана опремата за лизгалиштето, велат дека оваа година немало интерес од фирмата која стопанисуваше со него поради економска неисплатливост, но и временските услови не се погодиле.

Не е студено, нема снег. Немаше интерес од двете страни, и од страна на граѓаните и од фирмата која стопанисува со лигалиштето. Штом нема заинтересирани, не е исплатливо. Ние индиректно стопанисувавме со зимското лизгалиште а опремата беше на приватна фирма - вели Фадиљ Шабани, директор на ЈП “Куманово - паркинг“.

Од Нова година теренот на Градски кеј преминува во надлежност на ЈП “Чистота и зеленило“ и нема најави дека воопшто оваа зима ќе биде монтирано лизгалиште.

Минатата година кога започна работаат на лизгалиштето од локалната самоуправа размислуваа да изградат затворен објект за таа намена, но поради финасиските проблеми на општината идејата пропадна.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk