Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Причина за угинувањето на 175 овци во кумановското село Сопот е болеста листериоза, предизвикана од бактеријата листерија, потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
При последната посета на одгледувалиштето, завчера претставници од Агенцијата, утврдиле дека болеста се смирува. Констатирано е дека нема новозаболени животни и дека се подобрува здравствената состојба на заболените.
“Животните болеста ја добија со јадење на контаминирана силажа, која во најголем број на случаи се јавува како извор на зараза, особено во зимските и раните пролетни месеци. Периодот на инкубација кај оваа болест изнесува 2-3 недели и за жал, одгледувачот без да биде свесен за проблемот, продолжил да ги храни животните со контамираната силажа, се до појавувањето на симптомите“ - стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Бактеријата била застапена во почвата, но ретко може да предизвика сериозни последици како што е случајот во Сопот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk