Ожнеан 70 отсто од јачменот во кумановско

03.07.2015 09:27 | KumanovoNews

Во кумановско над 70 отсто од посевите со јачмен се ожнеани, а  приносите во просек се по 4 тони на хектар.

Ожнеан 70 отсто од јачменот во кумановско

Од Здружението на земјоделски производители Куманово, објаснуваат дека приносите на јачмен годинава се добри.

Во пониските села јачменот е претежно ожнеан, а во повисоките села околу 15 отсто се ожнеани. Јачменот е ожнеан во повеќето села како Пчиња, Речица, Режановце, Лопате, Старо и Младо Нагоричане и други - вели Момчило Трајковски, претседател на Здружение на земјоделски производители Куманово.

Во меѓувреме треба да започне жетвата на пченица во кумановско.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk