Падна обвинението против дедо Љубе

29.09.2015 12:14 | KumanovoNews

Кумановското јавно обвинителство ќе треба да изготви нов обвинителен акт против Љубомир Митев(75) од кратовско Којково, откако кривичниот совет во кумановскиот Основен суд ги прифати приговорите од неговите бранители и го врати предметот во фаза на истрага.

Падна обвинението против дедо Љубе

Обвинителниот акт во кој дедо Љубе се товареше за убиство, обид за убиство и недозволено држење на оружје сега веќе не постои, а обвинителството и одбраната забрзано собираат докази кои ќе ги искористат во судскиот процес.

Апелацискиот суд ја потврди 8 годишната затворска казна за Борче Иванов , еден од двајцата разбојници кои влегоа во куќата на старецот и го нападнаа него и неговата сопруга.

Разбојништво се случи на 27 февруари 2013 година, кога двајца разбојници го малтретираа  дедо Љубе и сопругата во нивниот дом за да ги ограбат, при што тој го уби Зоран З.(28) од селото Пантелеј, а Борче Иванов од селото Полаки беше ранет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk