Падна системот во здравствените установи

01.07.2013 11:15 | KumanovoNews

Падна системот во здравствените установи во цела држава утрово поради што лекарите ги враќаат назад пациентите, не можат да издаваат електронски рецепти, ниту електронски да закажуваат прегледи. 

Падна системот во здравствените установи

Кога почнавме утрово со работа во 7 часот имаше грешка и не ги даваше софтверот рецептите по број. Од 8.30 часот во сите здравствени институции системот е паднат и во болници и во сите други ординации. Аптекарите не дават лекови со обични рецепти бидејќи ќе бидат казнети. Сега паднал и друг ден ќе падне системот. Ние бараме да ни даде министерот грејс период. Кога може да даваме електронски рецепти, а кога ќе падне системот да ги пишуваме рецептите. Да биде така до септември, да се подготви и Министерството за здравство, и лекарите со програми. Се случува да нема струја, може компјутер да се расипе - изјави Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово. 

Тој вели дека штетата ја трпат пациентите кои денеска ќе останат без потребните лекови. 

Од денеска почнува употребата на електронски рецепти, а старите хартиени рецепти веќе нема да се применуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk