Падна трошната куќата на Ленинова(видео и галерија)

24.06.2015 16:44 | KumanovoNews

Падна трошната куќа на Ленинова, која подолго време претставуваше опасност за минувачите.

Падна трошната куќата на Ленинова(видео и галерија)

Кровот и катот од куќата се урнале врз еден автомобил и автобус на Јоцо-турс, кој со патници поминувал околу 17 часот по улицата. Во несреќата нема повредени, но причинета е голема матерјална штета.

Очевици на настанот кажуваат дека прво слушнале силен звук, а потоа на сите страни почнал да паѓа градежен матерјал кој завршил на автобусот и улицата. Облак од прашина го прекрил местото.

 Увид на лице место вршеше полицијата, а штетата дополнително ќе се утврдува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk