Падната канделабра штрчи на улица

13.10.2017 07:34 | KumanovoNews

На улицата „Пионерска„ спроти Стара црква веќе една недела лежи скршена канделабра.

Падната канделабра штрчи на улица

Електричната светилка е откорната од земја и поголемиот дел лежи на тротоар, а еден дел штрчи на улица. Претставува реална опасност за безбедноста на учесниците во  сообраќајот и  минувачите во тој дел на градот.

Не знаеме кој ја турнал канделабрата, но се знае кој е одговорен да ја поправи или да ја тргне од јавната површина.

Ако досега никој не пријавил дека му смета, еве можност надлежните да видат и да ја вратат во првобитната положба, или да ја отстранат додека некој не се удрил во неа или не се направила некоја поголема беља од соголените кабли за електрична енергија и дождливото време.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk