Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јелена Спасовски од Куманово е автор на сувенирот „Пафта - украс од женски колан“ за 2022 година.
Комисијата на Општина Куманово го избра нејзиното дело за репрезент на градот во конкуренција на уште двајца автори пријавени на конкурсот. Пафта е дел од женски колан од македонска традиционална носија.
„Сувенирот ги исполни сите критериуми и елементите на препознатливност. Ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на Куманово, прилагоден е за масовно производство и наменет е за туристичка промоција на градот, изработен е од стабилни и еколошки прифатливи материјали“, стои во образложението на прес службата на Општина Куманово.
Наградениот автор ќе добие хонорар од 30 илјади денари и дополнително 70 илјади денари за изработка на одредена количина на сувенири.
Сувенирот на градот се користи за промоција на Куманово пред домашни и странски гости.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk