Старото пајак возило неисправно и без сертификат, покажала контролата на МВР

29.04.2023 15:10 | Сузана Николиќ

Возилото на пaјак службата на ЈП „Куманово-паркинг“ е технички неисправно и нема сертификат за подигање на возила, покажала вонредната контрола што вчера ја извршила сообраќајната полиција. 

Старото пајак возило неисправно и без сертификат, покажала контролата на МВР

„При контрола на пајак возилото од страна на полициските службеници било утврдено дека тоа не е технички исправно,а при контрола на техничкиот преглед било утврдено дека возилото не поседува сертификат за употреба на кран за подигање на возила“, соопштува МВР.

 Поради утврдените пропусти возилото било исклучено од сообраќај. Се работиза пајак возилото кое е старо повеќе од 30 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk