Пајакот се враќа во „Паркинг„

27.12.2013 15:36 | KumanovoNews

ЈП „Куманово-паркинг„ во иднина ќе стопанисува со пајак службата во Куманово.

Пајакот се враќа во „Паркинг„

Со одлука на Советот, ЈП „Чистота и зеленило„ ќе го отуѓи возилото на пајак службата и во иднина услугата ќе ја врши ЈП „Куманово-паркинг„.

Тоа за нас првенствено ќе значат поголемо приходи и подобрување на финасиската состојба во претпријатието. Досега услугата ја вршеа две претпријатија и ние бевме во понеповолна состојба. Со новите приходи финасиски ќе зајакнеме и ќе започнеме со редовно исплаќање на платите и враќање на старите долгови-вели директорот Фадиљ Шабани.

Истовремено директорот ветува дека ќе се подобри и квaлитетот на услугата на пајак службата, што ќе приденесе за поголем ред во сообраќајот и на паркинг просторот во градот.

„Куманово-паркинг„ повеќе нема да стопанисува со рестораните Пелинце и Кеј, а со тоа ќе има 15 вработени помалку кои ќе преминат во ЈП „Чистота и зеленило„. На платен список ќе останат 40 вработени кои се неопходни за непречено вршење на работата.

                                                                     (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk