Пајакот во акција

21.01.2011 16:56 | KumanovoNews

Специјалното возилото ќе ги подига и отстрануваа непрописно паркираните автомобили кои го попречуваат и сериозно го загрозуваат  непреченото одвивање на сообраќајот, како и хаварисаните возила.

Пајакот во акција

Од денеска започна да функционира „пајак„ службата на подрачјетое на Општина Куманово. Возилото ќе ги подига и отстрануваа непрописно паркираните автомобили кои го попречуваат и сериозно го загрозуваат  непреченото одвивање на сообраќајот, како и хаварисани возила. 

Службата  ќе работи во две смени од 07,00 до 23,00 часот во работни денови,  а за време на викендите и празниците по договор со одговорните.

Кумановската полиција ги известува граѓаните дека во тек се активности за отстранување на непрописно паркирани коли, автобуси и минибуси во централно градско подрачје и на улиците „Октомвриска Револуција„,„Трета МУБ„, „11-ти Октомври„, „Доне Божинов„..

Сопствениците се потсетуваат благовремено истите да ги отстранат од наведените локации т.е. да ги паркираат на места соодветни за таа намена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk