Пак ограбена бензинската “Макпетрол“ кај Романовце

06.12.2013 15:34 | KumanovoNews

Три маскирани лица ноќеска ја ограбиле бензинската пумпа на “Макпетрол“ кај Романовце.

Пак ограбена бензинската “Макпетрол“ кај Романовце

Разбојниците се заканиле со пиштол дека ќе го убијат вработениот Ч.Т.(54) од Куманово, по што го заклучиле во магацинот. Потоа го пребарале објектот, одзеле 6.000 денари и го оштетиле банкоматот на Комерцијална банка. Разбојниците избегале со автомобилот “југо“ на Ч.Т. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Истата бензинска беше ограбена пред десетина дена од двајца разбојници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk