Пак се качи цената на дизелот

13.10.2022 08:42 | KumanovoNews

Од денеска има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Пак се качи цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика вчера одлучи дизелот да поскапи за три денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети.

Според оваа најнова одлука, дизелот ќе се продава по цена од 103,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 99 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 останува 89 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 91 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 51,920 денари. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk