Пакетчиња добија и корисниците на „Порака наша“

29.12.2015 13:01 | KumanovoNews

Новогодишни пакетчиња од локалната самоуправа денеска добија и корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Порака наша“.

Пакетчиња добија и корисниците на „Порака наша“

Пакетчињата ги подели градоначалникот Зоран Дамјановски и ја честиташе Новата година на корисниците и вработените. Од „Порака наша“ се заблагодарија за овој убав гест, кој градоначалникот го прави традиционално пред Нова година. Тие се надеваат дека во пролет ќе биде саниран покривот на објектот кој прокиснува.

Со градоначалникот зборувавме, изрази добра намера да ни помогне. Покривот сакаме да го санираме во пролет и од него добивме поддршка. И да се прошириме малку, да примиме повеќе деца, имаме навалица од родителите, сакаат да ги донесуваат овде. Ќе видиме до кога, колку ќе направиме и што. Се зависи од спонзорите колку ќе ни излезат во пресрет - вели Милован Видановиќ, претседател на „Порака наша“.

Видановиќ се заблагодари на сите хумани луѓе кои ги поддржуваат. Дневниот центар „Порака наша“ го посетуваат 21 корисник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk