Новогодишни пакетчиња за дечињата во Кумановската болница

24.12.2024 08:38 | KumanovoNews

На Детското одделени во Општа Болница Куманово беа поделени пакетчиња на најмалите пациенти. Ова е традиционален начин на кој Општина Куманово ги развеселува најмалите во претпразничниот период.

Новогодишни пакетчиња за дечињата во Кумановската болница

„Традиционално во нашата болница во Куманово на детското одделение, заедно со Дедо Мраз поделивме пакетчиња на децата кои денес се тука на одделението. Здравјето е наша примарна задача, приоритет за сите нас и мораме да се грижиме за здравјето на сите граѓани“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Во обраќањето градоначалникот се заблагодари на директорот на болницата д-р Стефан Трајановски, на медицинскиот и помошно- медицинскиот персонал за целиот ангажман кој го вложиле во тековната 2024 година.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk