Пакетчиња за болните дечиња

30.12.2011 12:10 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска однесе пакетчиња на болните дечиња на детското одделение во Општата болница Куманово.

Пакетчиња за болните дечиња

Дедо Мраз подели триесетина пакетчиња на дечињата кои лежат на одделенито, но и на оние кои беа донесени на преглед во амбулантата.

Многу ми е драго што денеска сум во мојата матична установа каде што работев 25 години, и ја сметам за мој втор дом.Традицијата постои со години, а јас само ја продолжувам добрата соработка со директорот на оваа инстицуја, и вработените на одделенијата. Секоја година на 31 декември доаѓам кај педијатрите, а на 1 јануари кај гинеколозите. Задоволство ми е да им ја честитам Новата година на персоналот и пациентите, посебно на дечињата - изјави градоначалникот Дамјановски.

Во името на вработените се заблагодари началничката на детското одделение примариус д-р. Розина Стојковска.

Многу ни значи подршката на локалната самоуправа и градоначалникот, кој секоја година не не заборава и доаѓа да ни честита празниците. Тоа претставува голема радост за дечињата, кои со нетрпение го чекаат Дедо Мраз цело сабајле-вели Стојковска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk