Пакетчиња за децата без родители

28.12.2017 17:19 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска подели новогодишни пакетчиња на децата без родители, на детското одделение во Општата болница Куманово, во Здруженито на глуви и наглуви и на децата од ромските социјално загрозени семејства.

Пакетчиња за децата без родители

„Традиционално организиравме преим за децата без родители и нивните стратели.Ја користам оваа прилика да им ја честитам 2018 година и да аплерам до сите наши сограѓани да дадат поголем допринос во делот на згрижување на оваа социјална категорија на деца. Не е лесно, се соочуваат самите дечиња со сериозни проблеми и како граѓани мораме да покажеме многу поголема општествена одговорност. Голема благодарност до старателите кои преземаат една голема обврска да ги негуваат, чуваат и раснат овие деца, - изјави градоначалникот Димитриевски.  

Голема беше радоста на децата од новогодишните подароци.

Во Кумановската болница Дедо Мраз подели околу четириесетина пакетчиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk