Пакетчиња за децата на Детското одделение

27.12.2013 10:42 | KumanovoNews

Градоначалникот Зоран Дамјановски и Дедо Мраз денеска поделија 40 пакетчиња на децата кои се лекуваат на Детското одделение во Општата болница Куманово и им поскаа среќа во Новата година.

Пакетчиња за децата на Детското одделение

Таква е сезоната бронхити, настинки, сезонски болести и има голем број на пациенти. Заедно со началникот доктор Аднан, мој бивш колега ги посетивме децата и подаривме по едно пакетче. Се надевам дека новата 2014 година ќе биде поуспешна во здравството, а пред се во превенција на детските болести и заштита на здравјето на граѓаните на Куманово - изјави градоначалникот.

Директорот на болницата, Ариф Латифи се заблагодари за посетата која традиционално во овој период ја реализира градоначалникот.

Нашата болница имаше успешна година, а се надевам дека идната година ќе биде уште поуспешна - рече Латифи.

Тој на граѓаните им ја честиташе Новата година со желби за мир, спокојство и успех.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk