Пакетчиња за децата со посебни потреби

21.12.2018 18:27 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска однесе подароци на децата со посебни потреби сместени во дневните центри Порака наша, на лицата со интелектуална попреченост и во Здружението на глуви и наглуви.

Пакетчиња за децата со посебни потреби

Дедо Мраз на дечињата им подари новогодишни пакетчиња и им посака многу здравје и среќа во Новата година.

- Денеска сме во предновогодишна атмосфера, да се подружиме со дечињата и со Дедо Мраз да поделиме пакетчиња. Имаме обврска и кон овие наши сограѓани. Ја користам оваа прилика да ја честитам 2019 година на сите наши сограѓани, да посакам здравје, успех и просперитет на сите полиња, - изјави градоначалникот Димитриевски.

Тој потсети дека потребите за сметување на оваа категорија на лица е многу поголема од можностите, поради што апелираше до централната власт, бизнис секторот и невладините организации да имплементираат што поголем број на проекти и да помогнат во нивна социјализација, бидејќи се гледаат резултатите од спроведените активности.

Во наредниот период ќе следуватт повеќе претпразнични активности, како што е доаѓање на Дедо мраз на плоштадот, концерт и др.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk