Пакети и опрема за гинеколошкото и детското одделение во Кумановската болница

19.07.2018 08:03 | KumanovoNews

Стандардни пакети опрема за гинеколошките и педијатриските оддели на Општата болница во Куманово и Клиничката болница во Тетово, во вредност од над 200 илјади долари, ќе обезбеди организацијата „Проект Хоуп“.

Пакети и опрема за гинеколошкото и детското одделение во Кумановската болница

Во соработка со „Проект Хоуп“ Министерството за здравство вчера организираше и работилница со сите организации кои работат во Република Македонија во насока на намалување на мајчината и новороденечката смртност во државата.

- Даваат резултат пакет мерките на Владата и Министерството за здравство за намалување на доенечката смртност. Како што веќе информиравме намалена е смртноста на новороденчињата од 24,4 на 17,7 проценти во првите шест месеци во однос на истиот период минатата година, а државата има регионален рекорд на преживеано новороденче родено во 23. недела, - изјави министерот Венко Филипче.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk