Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Пакистан и уште четири непознати лица од Пакистан, поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Пријавените во напуштена куќа во с.Ваксинце, општина Липково, четири дена насилно држеле две лица од Авганистан. Истите со употреба на физичка сила изнудиле од страна на нивните семејства да им бидат исплатени по 1.500 евра преку Вестерн Унион. По ова сторителите продолжиле да вршат притисок и барале да им бидат доставени дополнителни парични средства, а на 20.02.2016 година со остар предмет им биле нанесени повеќе убодни рани по телото.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk