Пакистанци повредени и ограбени во Лојане

10.04.2020 11:16 | KumanovoNews

 М.Ј.(21) и А.А.(23), двајцата од Пакистан, пријавиле дека вчера околу 22.00 часот на пат од с.Лојане кон с.Ваксинце со употреба на сила им биле одземени пари и мобилен телефон од пет непознати лица од Пакистан.

Пакистанци повредени и ограбени во Лојане

Потоа биле физички нападнати, при што М.Ј. бил повреден со нож, а А.А.  со тврд предмет. М.Ј и А.А. биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мреки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk