Пакистанец излажал Сириец дека ќе го пренесе преку граница

29.05.2013 13:37 | KumanovoNews

 М.Ш.(24) од Пакистан го измамил А.Б. од Сирија дека нелегално ќе го пренесе преку македонско-српската граница, а потоа го истепал.

Пакистанец излажал Сириец дека ќе го пренесе преку граница

Инцидентот се случил на почетокот на месецот, кога Пакистанецот се договорил со Сириецот за 1500 евра да му организира транспорт за Шведска. Откако ги земал парите, а ништо не направил двајцата мигранти се стапале и А.Б. се здобил со повреди.

Полицијата против Пакистанецот поднесе кривична пријава за “криумчарење на мигранти“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk