„Панче Пешев“ ќе настапи на фестивал во Истибања

01.09.2015 15:42 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ на 19 септември, ќе настапи на меѓународен фестивал за изворен фолклор во виничко Истибања.

„Панче Пешев“ ќе настапи на фестивал во Истибања

Кумановските играорци ревијално ќе се претстават со игри и песни од кумановскиот крај.

Го претставуваме нашиот крај и ќе се претставиме со сплет на игри и песни од Куманово, со нашата оригинална кумановска носија. Почнуваме со работа од 14 септември, со состаноци, а малите групи ќе почнат оваа недела и ќе се подготвуваме за фестивалот. Пред Нова година и потоа ќе бидеме исклучиво сконцентрирани на одбележување на 90 години јубилеј на “Панче Пешев“, кој ќе се одбележи догодина - вели Мирослав Крстевски, уметнички раководител и претседател на „Панче Пешев“.

На фестивалот во Истибања ќе настапат ансамбли од земјава и странство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk